Финална работилница за подготовка на стратегијата за рурален развој

Општина Охрид преку Секторот за Туризам и Локален Економски Развој ги продолжува активностите за подготовка на Стратегија за Рурален Развој 2014- 2018. За таа цел на 19 ноември со почеток во 10 часот во хотел „Милениум“, Одделението за Локален Економски Развој организира финална работилница, на која ќе бидат утврдени приоритетите за рурален развој.

На работилницата ќе учествуваат претставници од Месните заедници од сите села од Охридскиот микро регион, претставници од јавниот, невладиниот и бизнис секторот, со што ќе биде запазен основниот критериум од процесот на стратешкото планирање- учество на сите засегнати страни во утврдувањето на врвните приоритети за руралниот развој, како и постигнување на компромис за идниот развој во најтранспарентна постапка.