Агресивна меѓународна инвестициска активност на градоначалникот Бакрачески и Општина Охрид

Делегација на Општина Охрид предводена од градоначалникот Никола Бакрачески се наоѓа во официјална работна посета на Австрија и Словенија. Посетата во Австрија се реализира на лична покана од Туристичката организација „ГЕРГГ Рајзен“ до градоначалникот Бакрачески.

Оваа туристичка организација е специјализирана за организирање на кружни патувања со ексклузивни автобуси од висока класа за туристи. Во делегацијата, покрај претставници на Локалната самоуправа се наоѓаат и претставници на бизнис заедницата и медиуми од Охрид, како и официјални лица од Агенцијата за поддршка на туризмот. На саемот кој се одржува во Ветманстат-Австрија под наслов „Travel shop“ ќе биде презентиран програмот на „ГАГГ Рајзен“ за следната сезона, а со партнерите од различни држави ќе се разговара за можноста за меѓусебна соработка и влез на оваа реномирана компанија на македонскиот и посебно на охридскиот туристички пазар. Посетата ќе финишира со потпишување на Меморандум за соработка помеѓу  Општина Охрид со Туристичката организација „ГАГГ Рајзен“.

Во Р.Словенија предвидена е работна средба на градоначалникот Никола Бакрачески со истакнати бизнисмени од Словенија, кои во изминатиот период имаа можност да бидат запознати со поволностите кои ги нуди Р.Македонија и општина Охрид за привлекување странски инвестиции во туристичкиот сектор. Се очекува во најскоро време да дојде до конкретизирање на странски инвестиции во туристичките капацитети во Охрид.