Најпрометната улица во Охрид -„Булевар Туристичка“ ќе ја красат нови леи со ружи, растение кое со право го носи приматот кралица на цветовите. Од денеска се започна со засадување на потегот од спортската сала до сообраќајницата кај гимназијата. На овој потег се засадуваат 150 садници ружи од различен вид и различни нијанси од бои.
Со оваа активност ќе се продолжи по целата должина на „Булевар Туристичка“, а предвидено е леи со ружи да ги красат и другите фреквентни сообраќајници.