Отворени Државните натпревари во пинг понг

Директорот на Агенцијата за млади и спорт Марјан Спасески ги отвори Државните натпревари за пинг понг за средни училишта со што и официјално стартува новиот циклус натпревари во организација на Федерацијата за училишен спорт.

„Спортот има моќ да ги зближува луѓето, младите кои избираат спорт вложуваат во својата иднина. Неговите придобивки се долгорочни и затоа секогаш кога младите се дел од спортските активности знаеме дека тие го прават вистинскиот избор. Со учествувањето во Државните натпревари освен дружење добивате можност за учество на бесплатниот летен камп, кој Федерацијата во соработка со Агенцијата за млади и спорт го организира на крајот на секоја школска година каде спортистите ќе можат да учат од најдобрите. Нека игрите поминат во добра атмосфера и нека победат најдобрите“, – истакна Спасески.

На отворањето свое излагање имаше и Претседателот на Федерацијата за училишен спорт Александар Туфукчиевски, а срдечно добредојде на сите учесници им посака директорот на СУГС „Јосип Броз Тито“ – домаќин на игрите, Татијана Стојанова Дуева.