Имплементација на новите одредби од законот за кривична постапка беше темата на денешната работна средба на повеќе раководители во СВР Охрид со претседателот на Основниот Суд во Охрид, Милчо Клишески.
Новите одредби од законот за кривична постапка кои стапуваат на сила од први идниот месец, ќе се обврзувачки за сите полициски службеници во секојдневното полициско работење, во сите полициски преземања и во примената на полициските овластувања.
Во тој контекст, СВР Охрид во работата за реализација на казнените дела ќе биде во функција на јавното обвинителство односно своите активности нагласено ќе ги координира со судија во претходна постапка како и со надлежниот јавен обвинител.