Дрвото што деновиве падна врз речиси новиот мерцедес во Косел, најверојатно било многу старо и опасноста демнела со години.
За жал, укажувањата на мештаните дека несреќата ќе се случи, и се обистини, но сета среќа во оваа несреќа е тоа што немаше човечки жртви.
Материјалната штета е голема и сопственикот, како што дознаваме, ќе испрати тужба до надлежните, кои требало да се погрижат за стариот чинар – кој бил опасен и (сега се виде) катастрофален за околината!