Утре ќе биде презентирана програмата „Доживотно учење“

Македонската Национална агенција за европски образовни програми и мобилност организира  инфо-ден за презентација  на програмата „Доживотно учење“ каде ќе бидат истакнати деталите од неколку успешно спроведени проекти.

На средбата ќе биде претставена новата програма на Европската комисија во делот на образованието, обуката и младите, „Еразмус плус 2014 – 2020“, како и иницијативите на ЕУ, „Еуропас“ и „Евридика“.

Присутните со свои предлози, мислења и сигуестии ќе имаат можност да се вклучат во процесот и дополнително да се информираат за активностите и програмите на агенцијата.

Инфо-денот ќе се одржи на 22 ноември (петок) во големата сала на општина Охрид со почеток во 12:00 часот.