Рано утрово беше извршено авионското запрашување против комарци. Запрашувањето почнувајќи од 05 часот се одвиваше на на 1.500 ha и тоа на крајбрежјето на потег од с. Подмоље до населбата Св. Стефан и територијата на град Охрид.
По претходните две терестички (од земја) запрашувања против комарци, ова е прво авионско запрашување оваа година на територијата на општина Охрид. Надлежните известуваат дека препаратот со кој се изврши запрашувањето не е штетен за луѓето и животните, односно водата и почвата.
WebOhrid