Општина Охрид во соработка со Бизнис старт-ап центарот – УСАИД и Агенцијата за вработување, во просториите на Секторот за Туризам и Локален економски развој одржа обука на тема: „Претприемништвото како фактор за локален економски развој“.
Обуката се одржа во три сесии и тоа:
– Сесија 1: Претприемништвото како стил или начин на живеење и работење на луѓето;
– Сесија 2: Претприемачко размислување;
– Сесија 3: Бизнис идеја.
На обуката зедоа учество млади од различни профили кои се заинтересирани да се запознаат со можностите за отворање свој бизнис.
Учесниците зедоа активно учество преку тестови, вежби и размена на идеи. Обучувач кој ја одржа оваа обука беше проф. д-р Константин Петковски.