Денес, во свечената сала на Град Скопје се одржа свечена седнита по повод 68 години од Основањето на Сојузот на спортски федерации на Македонија.
По тој повод беа присутни директорот на Агенцијата за млади и спорт Алаксандар Пујовски како и дел од претходните претседатели и генерални секретари на ССФМ, кои раководеа со сојузот во изминатиот период на неговото постоење. На крајот на истите им беа врачени плакети за особен придонес и развој на спортот, а на сите останати присутни членови, претставници на националните спортски федерации им беше врачено признание златна значка за придонесот во развој на спортот.