Најмалку четири лица загинаа во снежната бура која ги погоди западните држави од САД, Калифорнија, Њу Мексико, Аризона и Невада. Снегот и силниот ветар не се карактеристични за овој период од годината, а силен циклон се движи кон источниот брег.
Постои опасност од нова бура во планинското подрачје североисточно од Лос Анџелес, додека пак во јужните делови постои опасност од поплави.
Поради снегот и мразот голем дел од училиштата во Њу Мексико и Аризона се затворени, додека пак во областа Феникс има предупредување за поплави. На ски-центрите северно од Лас Вегас измерена е снежна покривка од 30 сантиметри.