Комисијата за одбележување празници и манифестации и доделување награди и признанија при Советот на Општина Охрид, составена од советниците Дејан Пановски-претседател, Јованка Точко, Оливија Пирузева Јанева, Александар Калачоски и Коста Трифуноски (отсутен) на седницата одржана на ден 25.11.2013 година ги разгледа пристигнатите кандидатури по конкурсот за доделување на Повелба – Патрон на Градот „Св.Климент Охридски“ и констатира дека 8 кандидатури ги исполнија условите согласно објавениот Конкурс.
По отворањето на понудите и поддршките кандидатите за овогодинешната Повелба се следни :
- Миланка Новеска, за промоцијата на Охрид низ соло настапите во Македонија и на меѓународно ниво.
- Стефаноска Славица, за хуманитарна активност во здружението за глуви и наглуви лица.
- Ленче Шикоска Башоска, за негувањето на традиционалните вредности во Охрид.
- Армин Мохар, стопанственик, сопственик на текстилна фабрика.
- Стојан Стојаноски, за објавените фотографии од Охрид на светски медиуми.
- Акцијашкиот клуб ”Брег на младоста”- за негување на акцијаштвото.
- Пековска Виолета, за стручна дејност и трудови во образовната сфера.
- Петар Голабоски, за промоција на Охрид преку боречките вештини Аикидо.
Со јавното објавување на имињата на кандидатите, изразуваме почит и поттик кон секој од кандидираните за нивниот придонес во афирмацијата и развојот на Охрид и за промовирање на позитивните вредности на Градот.
Комисијата ќе ги разгледа кандидатурите и на следниот состанoк ќе се произнесе за доделување на Повелбата Св.Климент Патрон на Охрид.