Одржана средба помеѓу СВР и советодавната група граѓани од Охрид

Превенција на криминалот преку соработка на полицијата со заедницата, беше темата на денешниот состанок на советодавната група граѓани од Охрид. 

Состанокот тематски беше посветен на конципирање превентивни мерки за борба против криминалот како и мерки за интензивирање на соработката помеѓу полицијата и заедницата. 

На средбата која што денес се одржа во средното угостителско училиште „Ванчо Питошески“, се направи осврт кон актуелната безбедносна состојба, а се разговараше и за други прашања од безбедносната сфера.   

На средбата, покрај претставниците на Секторот за внатрешни работи Охрид, учествуваа и претставници од школските центри во градот, секторот за образование при локалната самоуправа, локалниот совет за превенција од Охрид, од центарот за социјални работи, советот на родители, од невладините организации и мисијата на ОБСЕ во Охрид.