Локалниот Совет на млади ја одбележа акцијата „Засади дрво засади ја својата иднина“

Есенскиот дел од акцијата „Засади дрво засади ја својата иднина“ оваа година ја одбележа и Локалниот Совет на млади при Општина Охрид, во соработка со ЈП „Охридски Комуналец“.

Со засадување на расади младите од Охрид се придружија кон активностите кои што се одвиваат на ниво на цела република, а како цел имаат засадување и пошумување на оголените и оштетени површини.

„Благородната идеја на маестро Борис Трајанов од 2007 година па до денес, не поттикнува да ја разбудиме својата свест и грижа за природата, на тој начин што ќе водиме грижа за обновување на шумските површини.

Со оваа акција сакаме да ја пробудиме свеста кај сите млади луѓе континуирано и секојдневно да  се грижат за животната средина, а воедно и да докажеме дека знаеме дека со секое засадување на дрво, всушност ја засадуваме сопствената иднина“. – истакнуваат од Локалниот Совет на млади при Општина Охрид.

AkcijaSovetNaMladi01 AkcijaSovetNaMladi02 AkcijaSovetNaMladi03