Контра-реакција на реакцијата од СДСМ за игралиштето во с.Требеништа, испрати Градоначалникот на Општина Дебарца, во која стои:
„Почитувани, Согледувајќи ги комичните реакции на ОО СДСМ Дебраца, можеме веќе со сигурност да констатираме дека конечно преминаа во трагедија. Трагично е да се реагира за изградба на современо игралиште во прва фаза и во друга фаза ќе се изгради Балон Сала, која пред се, потенцираме пред се ќе служи за сите жители на Општина Дебрца. Имено укажувањето за според нив неподдршката на спортот во Дебрца им паѓа во вода токму со ова капитално здание. Ако според нив изградбата на спортско игралиште кое ќе може да се користи и за време на зимски услови, не е поддршка за развојот на спортот во Општина Дебрца, тогаш сметане дека нема потреба за понатамошна реакција. Од друга страна, кога станува збор за старото игралиште во с.Требеништа токму тоа е симбол дека кога ВМРО е на власт секогаш се гради и секогаш се работи во интерес на граѓаните. Како и тогаш така и сега повторно градиме зданија кои ќе бидат во интерес на сите нас. Токму старото игралиште преставува симбол на пропадната политика на СДСМ која и покрај долгогодишното владеење во Општина Дебрца не направи ништо за развојот на спортот и младите. Општина Дебрца предводена од градоначалникот ќе продолжи со уште поголем интензитет на работа, а тоа значи дека од вас ќе има уште бесмислени реакции на кои повеќе и немаме интерес ни време да ви реагираме бидејќи сме презафатени со реализација на голем број проекти за доброто на Општина Дебрца.“ – стои во реакцијата од Градоначалникот на Општина Дебарца.