Утре, 28 ноември (четврток), Тимот на СДСМ, предводен од заменик-претседателот Радмила Шекеринска ќе посети населени места во општина Дебарца и ќе ја промовира новата програма со предлог мерки за враќање на средната класа. Притоа, ќе се остварат средби со граѓаните на кои ќе се промовираат мерки и решенија за подобар, попристоен и подостоинствен живот.