Општинското средно училиште „Св.Климент Охридски“, е една од најстарите и најреномирани образовни институции во Охрид и Република Македонија и многу е важно нејзиното натамошно успешно функционирање.
Имајќи го предвид високото реноме и кредибилитетот стекнуван со децении наназад, потребно е изнаоѓање на најдоброто можно решение за директор на Гимназијата „Св.Климент Охридски“, кој со доставен План и програма за работа, ќе понуди своја визија за натамошното функционирање на оваа институција.
Предлогот на Училишниот одбор за директор на училиштето, беше вратен од страна на градоначалникот Бакрачески, со образложение дека постапката не се водела согласно Статутот на училиштето и Деловникот за работа на Училишниот одбор, како и поради тоа што до Градоначалникот Бакрачески не беше доставен План и програма за работа на предложениот кандидат, што е основ по кој ќе се вреднува неговиот натамошен ангажман. Дополнително, Државниот трудов инспектор постапувајќи согласно своите законски овластувања, во постапка независна од претходната, донесе Решение, со кое му се наредува на Училишниот одбор да ја поништи постапката заради констатирани неправилности во истата и за преземените дејствија задолжени се да го известат инспекторатот.
Училишниот Одбор е должен да постапи согласно Решението на трудовиот инспектор и да го поништи огласот и заради тоа, ќе следи нова постапка за избор на директор на Гиманзијата.