Државно првенство во стрелање со воздушна пушка

Во организација на Федерацијата на училишни спортови на Република Македонија и со поддршка  на Општина Охрид, денеска на стрелиштето „Бејбунар“ се одржа Државно првенство во стрелање со сериска воздушна пушка.

На Државното првенство, на кое учествуваат седумдесетина ученици од основните и средните училишта, на најдобрите двајца натпреварувачи во категориите основци и средношколци ќе им бидат доделени награди, односно бесплатно учество на летниот камп што се одржува во Охрид и можност да добијат стипендии за врвни спортисти.

Во името на Општина Охрид, учесниците на првенството ги посети заменик- градоначалникот Ангел Јанев, кој истакна дека Локалната самоуправа и натаму, во рамките на своите можности, ќе го поддржува спортот, особено училишниот спорт, како важен дел од воспитно-образовниот процес.

Strelacki_natprevar_4851 Strelacki_natprevar_4852 Strelacki_natprevar_4854