Едно лице го загуби животот во сообраќајна незгода во близина на струшкото село Велешта

Едно лице го загуби животот во тешката сообраќајната незгода што во 22 часот и 30 минути по полноќ се случи на регионалниот пат Охрид-Дебар во близина на струшкото село Велешта.

Ресул К. (20)  од Велешта им подлегнал на повредите додека со возило на брза помош бил превезуван од општата болница во Струга кон болницата „Св.Еразмо“ во Охрид. 

Сообраќајната незгода се случила во момент кога сега починатиот управувајќи патничко моторно возило марка „Голф“ со струшки регистарски таблици, со предниот дел директно удрил во задната лева страна на полуприколка од товарно моторно возило марка „Сканија“ кое било запрено на регионалниот пат.

До незгодата е дојдено поради неприспособување на брзината на движење на возилото кон својствата и состојбите на патот и другите сообраќајни услови. 

На местото на тешката сообраќајна незгода извршен е увид во присуство на дежурен истражен судија и заменик јавен обвинител, како и полициски екипи од полициската станица за безбедност во патниот сообраќај од Струга.