Полициски хеликоптер се урна врз паб во Глазгов, во кој се наоѓале околу 120 луѓе. Полицијата соопшти дека има 8 жртви, од кои тројца се наоѓале во хеликоптерот.
Во болница се задржани 14 лица, а се претпоставува дека уште неколку лица останале заробени под урнатините.
Според очевидците, хеликоптерот паднал речиси праволиниски. Во акцијата за спасување на преживеаните учествуваа спасувачки екипи, вклучувајќи и 125 пожарникари.