Хуманитарна помош за Заводот за нефрологија во Струга

Социјалното друштво „Браќа Миладиновци“ во соработка со Ахам – хуманитарна организација, двете од Мелбурн Австралија, денеска по втор пат донираа инвалидски колички и два пакети чаршафи за потребите на пациентите од Заводот за нефрологија од Струга.

Од Заводот за нефрологија во Струга истакнаа дека се постојано во комуникација со хуманитарните организации од Австралија.

„Првата ваква хуманитарна помош се оствари во 2006 година. Ваквите акции треба да бидат се почести во иднина“, велат од Заводот.

Претставникот за Македонија на Ахам-Хуманитарната организација од Австралија, Аце Петкоски вели дека стои на располагање за помош од каков и да е вид, кога станува збор за здравјето на луѓето. Врската помеѓу Ахам и социјалното друштво „Браќа Миладиновци“ е заемна, вели Петкоски.

Ахам хуманитарната организација е формирана во 2003 година, која интензивно работи, во добротворни цели, за потребите на граѓаните.

Т.А.