ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ во Охрид има проблем со бранењето на нешто неодбранливо, а тоа е „делото“ на нивниот поранешен градоначалник

На соопштението од ОО на СДСМ Охрид, реакција испрати ОК на ВМРО-ДПМНЕ Охрид, во која стои:

„Дефинитивно СДСМ се во длабока политичка, а пред се морална криза, која посебно се манифестира во Охрид. Претпоставуваме дека една од  причините за тоа е дебаклот на трибината на нивниот Претседател и полупразната сала во која се одржуваше.

Едно е јасно, СДСМ во Охрид има проблем со бранењето на нешто неодбранливо, а тоа е “делото” на нивниот поранешен градоначалник. Најнеуспешниот лик во историјата на Охрид, кој во период од 8 години, успеа да раскрчми над 100 милиони евра, односно потроши 8 општински буџети и остави дополнително 33 милиони евра долг кој сега треба да се сервисира. Масовната криминализација на се што можеше да донесе личен профит, СДСМ и нивниот градоначалник го спроведоа како единствена нивна целосно завршена задача. Тоа се бројките и фактите, кои СДСМ неуспешно се обидува да ги релативизира. Друго е прашањето каде заминале над 100 милиони евра, чии џебови наполниле и колку во тие матни зделки биле инволвирани луѓето од врвот на тогашниот и сегашен охридски СДСМ, кога во општината за цели 8 години не се реализира ниту еден единствен капитален објект. СДСМ нема право воопшто да дискутира за спроведување на проекти, кога единствен проект кој го спроведоа беше проектот за уништување на Охрид и полнење на сопствените џебови.

Фрустрациите и гневот од неуспехот да се наполни една кино-сала, само зборува за тоа колку охриѓани им веруваат на нивните безгранични лаги и колку граѓаните имаат доверба во нивните сегашни партиски челници.

ВМРО-ДПМНЕ  и Градоначалникот Никола Бакрачески успешно ја спроведуваат Програмата за развој на Охрид и покрај ужасната финсиска ситуација со која се соочуваат. Сите проекти содржани во неа се спроведуваат и ќе бидат реализирани, согласно предвидената динамика. Затоа што дадениот збор пред граѓаните мора да се испочитува. Тоа од СДСМ неможат да го разберат, бидејќи за нив никогаш дадениот збор немал некое посебно значење.“ – стои во реакцијата од ОК на ВМРО-ДПМНЕ Охрид.