Презентирана Програмата за празникот „Св.Климент Охридски“

Денес пред јавноста беше презентирана програмата за одбележување на празникот Свети Климент Охридски, што годинава заеднички ќе биде организирана од Општина Охрид и ОСУ “Св. Климент Охридски“. Годинашното празнување ќе има повеќе културни содржини и ќе започне на 6 декември, а ќе кулминира со свечена академија на денот на светецот 8 декември во НУЦК “Григор Прличев“.

Советникот Дејан Паноски на денешната прес конференција го истакна моментот од 7 декември, насловен како “Сите кон Свети Климента“, кога од пред споменикот на патронот на градскиот плоштад, вечерта од 20 часот, граѓаните, гостите и делегациите, заеднички ќе се упатат кон Плаошник, со што ќе биде искажана посветеност и  почит кон светецот.

Актерот и режисер Горан Стојаноски, искажа задоволство од непосредното влучување на институциите од културата во одбележување на празникот и најави за годинава сублимирана, пократка програма за свечената академија, која визуелно и содржински ќе биде побогата и  ќе понуди нова димензија во празнувањето на Свети Климент Охриски.

П Р О Г Р А М А

8. Декември – Ден на градот Охрид

Св. Климент Охридски

6. декември 2013 ( петок)

19:00 часот 

„Со моја рака направив без мака“- продажна акција на ракотворби изработени од рецирклиран материјал од учениците на ОУ „Св. Климент Охридски“ 

Место: НУ Центар за култура „ Григор Прличев“

20:00 часот 

Свечена приредба по повод патрониот празник на ОУ „ Св. Климент Охридски“

Место: НУ Центар за култура „ Григор Прличев“

7. декември 2013 (сабота)

НОЌ СПРОТИ СВЕТИ КЛИМЕНТ

18:30 часот 

Глумците од Охридскиот народен театар за св. Климент-Охридски

Место: НУ Библиотека „ Григор Прличев“

19:00 часот

15та – Tрадиционална изложба на Фото клуб „ Охрид“

Место: Простории на НУ „ Охридско лето“

19:30 часот 

Традиционална изложба на роднокрајни ликовни уметници

Место: НУ Центар за култура „ Григор Прличев“, галерија

20:00 часот 

„Сите кон Свети Климента“- групно поаѓање кон Свети Климентовата црква на Плаошник

Место: Градски плоштад

8. декември 2013 (недела)

09:30 часот 

Поклонение пред моштите на св. Климент Охридски 

Место: Црква Св. Климент, Плаошник

10:30 часот 

Полагање свежо цвеќе на споменикот на Св. Климент Охридски

Место: ОУ„ Св. Климент Охридски“

12:00 часот

Полагање свежо цвеќе на споменикот на Св. Климент Охридски

Место: Градски плоштад

13:00 часот 

Отворање на фото – изложбата „ Убава Кина“ во организација на амбасадата на НР Кина во РМ и Општина Охрид

Место: НУ Завод и музеј – музејски комплекс „ Куќата на Робевци“

13:30 часот 

Свечено потпишување на Повелба помеѓу Општина Охрид и Општина Стар Град Сараево

Место: НУ Завод и музеј – музејски комплекс „ Куќата на Робевци“, салон на резба

19:00 часот

СВЕЧЕНА АКАДЕМИЈА

во чест на св. Климент Охридски -заштитникот на Охрид

Место: НУ Центар за култура „ Григор Прличев“

PrezentiranaProgramaSvKliment2