Одржан кошаркарскиот турнир под мотото „Кошарка за сите“

Синоќа во спортската сала „Билјанини Извори“ во организација на менаџерскиот тим на Ј.П. „Билјанини Извори“ и в.д. директорот Ристе Мишев, а по повод  европската кошаркарска недела за лица со попреченост, се одржа кошаркарски турнир под мотото „Кошарка за сите“.

„Ми претставува особена чест и задоволство што го организираме овој настан со што ги продолживме активностите во рамките на одбележувањето на 3 Декември меѓународниот ден на лицата со хендикеп“ – изјави в.д. директорот Ристе Мишев и додаде дека Ј.П. „Билјанини Извори“ и во иднина ќе ја продолжи започнатата соработка со оваа категорија на граѓани.

Претседателот на здружението за лица со телесен инвалидитет, Венко Голабоски по повод оваа манфестација изрази голема благодарност до директорот Мишев како и до целиот менаџерски тим на Ј.П. „Билјанини Извори“ за укажаната почит кон оваа категорија на граѓани со надеж за идна соработка.

„Многу сме среќни и задоволни што ни овозможивте преку овој турнир едно прекрасно дружење со лицата од сите здруженија на лица со попреченост, во пресрет на меѓународниот ден на лица со хендикеп“ изјави Славица Стефаноска претседател на Здружението за глуви и наглуви.

Соработката со здруженијата на лица со попреченост и Ј.П. „Билјанини Извори“ продолжува и во иднина.

KosarkaZaSite