Собирот на граѓани за избор на членови на Совет на Урбана заедница 7 се презакажува за 27 декември

Се известуваат граѓаните, жители на Урбана заедница 7 – „7-ми Ноември“ дека Собирот на граѓани за избор на членови на Совет на Урбана заедница 7 – „7-ми Ноември“ свикан од страна на Градоначалникот на општина Охрид, се презакажува за 27.12.2013 година (Петок) со почеток во 19:00 часот.

Собирот ќе се одржи во просториите на зградата на општина Охрид сала 1.

Урбаната заедница 7 – „7-ми Ноември“ го зазема средишниот дел од градската територија и се граничи со: од исток ул. „7-ми Ноември“, од запад ул. „Пирин Планина“, од север „1 Градски Ринг“ и од југ булевар „Туристичка“.

Улици: ул. „Абас Емин“ – дел, од пресек со ул. булевар „Туристичка“ бр.19 лева страна и од бр.20 десна страна до пресек со новопроектираната ул. „1 Градски Ринг“, ул. „Дејан Војвода“ од почеток лева страна до бр.143 и десна страна од почеток до бр.244 пресек со ул. „Пирин Планина“, булевар „Македонски Просветители“ од раскрсница пресек со булевар „Туристичка“ до крај, ул. „Бекир Али Риза“, ул. „7-ми Ноември“ –дел од пресек со ул.булевар „Туристичка“ бр.27 лева страна до бр.97 пресек со новопроектирана ул. „1 Градски Ринг“, булевар „Туристичка“ десна страна од кај раскрсницата кај „Охридска банка“, зграда бр.54 до бр.64 пресек со ул.„Пирин Планина“ кај перална „Крле“, ул. „Пирин Планина“ десна страна од пресек со булевар „Туристичка“ до пресек со новопроектирана ул.„1 Градски Ринг“, новопроектирана ул. „1 Градски Ринг“ пресек со ул. „7-ми Ноември“ до пресек со ул. „Пирин Планина“.

Општина Охрид

Градоначалник,

Никола Бакрачески