Во Драмскиот театар Скопје под покровителство на Агенцијата за остварување на правата на заедниците и Мисијата на ОБСЕ во Скопје КУД „Пирамида“ при Здружението на балканските Египќани во Р.Македонија зеде учество на првата мултикултурна манифестација „Македонија наш дом“.
Со автентични ора на Египќаните од Охридско-Струшкиот регион КУД „Пирамида“ презентира дел од културното богатство на Египќаните во РМ што секако беше најубава прилика изворно да се запознаат останатите заедници и присутни со културата и традицијата на Египќаните.
На манифестацијата со свои културно уметнички перформанси учество зедоа 13 етнички заедници од Македонија, покрај заедницата на Египќаните, Македонската, Албанската, Турската, Српската, Ромската, Влашката, Бошњачката, Хрватската, Црногорската, Руската, Унгарската и Торбешката заедница.
На ова манифестација зеде збор Директорката на Агенцијата за остварување на правата на заедниците Весна Бабиќ Петровска, заменик министерот за култура Драган Неделковиќ и Ралф Брет шеф на Мисијата на Обсе во Скопје.