Ученици од третите одделенија од Основното училиште „Братство-Единство“ денес ја посетија Општина Охрид при што секретарот Димитар Спасески ги запозна со функционирањето на Локалната самоуправа.
Во големата сала на Oпштината, за учениците беше организирана симулација на работата на Советот на Oпштина Охрид, во која од нивните редови беше избран претседател на Советот, а тие во улога на советници поставуваа прашања. Секретарот Димитар Спасески одговараше на нивните прашања и преку прилагодливи примери, блиски на нивната возвраст, успешно им ја објаснуваше работата и ингеренциите на Локалната самоуправа, нејзината организациона структура и функционирањето на администрацијата.
Третоодделенците од ОУ „Братство-Единство“ влегоа во кабинетите на градоначалникот Никола Бакрачески и секретарот Димитар Спасески, а посетија и неколку работни простории на службите во Локалната самоуправа.