Досегашниот вршител на должноста директор на Ј.П. „Градски Гробишта“, Зоран Симоноски со решение на градоначалникот Бакрачески од денеска е директор на претпријатието.
Симоноски по професија е дипломиран машински инженер, кој во минатиот период извршувал повеќе работни задачи во Ј.П. „Охридски Комуналец“, а со формирањето на Ј.П. „Градски Гробишта“ во 2011 година бил вработен во истото каде имал повеќе раководни позиции. Функцијата вршител на должноста ја извршуваше од март годинава.