Во понеделник Охрид ќе блесне во новогодишен сјај. Целосно украсени со светлечки реквизити се Градскиот плоштад и чаршијата. Деновиве на Градскиот плоштад блесна и новогодишната елка, во златна боја. Вчера, екипите на Секторот за комунален развој при Општина Охрид, работеа на поставување на светлечките топки на раскрсницата кај Охридска Банка. Екипи од Локалната самоуправа за време на викендот ќе работат на украсување на периферните улици во Охрид.
Годинава украсувањето на градот е збогатено со нови новогодишни реквизити, а се користат и минатогодишните.