Од денес календарски започнува зимата

Официјално од денес во 18 часот и 11 минути започнува зимата на северната полутопка, додека пак на јужната полутопка започнува летото.

Од УХМР за првиот ден од зимата најавуваат сончево време со температура од минимални 2 степени до максимални 10 степени целзиусови.

Инаку зимата е најкраткото годишно време со 88 денови, 2 до 3 дена пократко од другите годишни времиња. Календарски зимата ќе заврши на 20 март 2014 година.

WebOhrid