Невреме во САД и Канада

Во невремето на самиот почеток од зимата, во САД најмалку 13 лица ги загубија животите додека пак во источна Канада загинаа пет лица. 

Најмалку 9 лица загинале во бура, од кои 5 животот го загубиле во поплави во Кентаки, 3 загинале во сообраќајна незгода во Оклахома, а една жена загинала при налет на торнадо во Арканзас.

5 лица загинаа во источна Канада во сообраќајни незгоди предизвикани од врнежи од град.

Поради снегот и мразот, околу 400 илјади домаќинства и деловни објекти останаа без струја во Мичиген и Њујорк, а над 475 илјади во источна Канада.

Во Торонто е отворен Центар за предупредување од невреме, а во градот затворен е дел од подземната железница како и трамваите.

На аеродромите во САД откажани биле повеќе од 700 летови, додека пак повеќе од 11 илјади биле одложени.