ОУ „Живко Чинго“ Велгошти го одбележа Денот на шегата

Учениците од прво до шесто одделение од ОУ „Живко Чинго“, Велгошти како и најмладите од градинката која е во рамки на училиштето денес го одбележаа 1ви април – Денот на шегата.

„Маскирани во маски повеќето изработени на часовите на ликовно образование во соработка со родителите, децата продефилираа во училишниот двор и низ центарот на селото. Насмеани и ведри како пеперутки и пчелки беа вистински украс на природата.“ – информираат од училиштето.

WebOhrid