„Отворени денови на управата за водење на матични книги“ е проект што на 26-ти овој месец, во Охрид ќе ја реализира Управата за водење матични книги-орган во состав на Министерството за правда на Република Македонија.
Целта на овој проект е граѓаните, непосредно и директно да ги добијат потребните информации и појаснувања околу издавањето на документи од матичната евиденција како и запишувањето на податоците за промените во граѓанската состојба во матичните книги на родени, венчани и умрени лица.
Проектот „Отворени денови на управата за водење на матични книги“ во Охрид ќе се реализира со учество на директорот на Управата за водење матични книги Ашим Зеќироски со стручен тим од Управата.
Средбата со граѓаните ќе се одржи во четврток на 26-ти овој месец во подрачното одделение за матично работење во зградата на охридската локална самоуправа во времето од 10 часот и 30 минути до 15 часот и 30 минути.