СВР Охрид започна со реализација на проектот „Превенција од злоупотреба на пиротехнички средства“

 Во пресрет на новогодишните празници, секторот за внатрешни работи Охрид започна со реализација на проектот „Превенција од злоупотреба на пиротехнички средства“.

 Во рамките на проектот, пред учениците од шесто до деветто оделение во сите основни училишта ќе бидат реализирани повеќе практични типизирани предавања како превентивни и едукативни мерки со цел запознавање на децата за опасностите од пиротехничките производи по нивното здравје и живот.

 Годинава проектот што ќе го спроведе отсекот за превенција, ќе се  реализира под мотото „Биди sвезда не фрлај петарди“.