Сашо Донев во ненајавена контрола на тековните работи

Директорот на Јавното претпријатие „Нискоградба“, денеска беше во ненајавена контрола на тековните активности кои ги изведува ова претпријатие. Во рамки на контролата, Донев ја посети улицата „Радојца Новичиќ“ кај црквата „Св.Тројца“, која се подготвува за асфалтирање, односно се врши тампонирање долж целата улица. Исто така беше и кај кружниот тек кај Билјанини извори каде се врши нивелирање на шахтите. Донев најави дека поради поефикасно извршување на активностите, ќе следат повеќе вакви контроли.

Niskogradba_kontrola_4851