Лизгалиштето на мраз буди огромен интерес кај охриѓани и гостите

Голем број охриѓани и гости, млади и возрасни можеа да се забележат синоќа на градскиот плоштад, чаршијата, но секако и она што е новитет оваа година, вистинска сензација, а тоа е лизгалиштето на мраз. 

Локалната власт, за сите љубители на овој спорт за време на зимскиот распуст ќе организира бесплатни часови по лизгање, а ќе се издаваат и лизгалки за мраз. Лизгалиштето ќе работи секојдневно до крајот на месец јануари, односно до оној момент до кога тоа го дозволуваат временските услови.

Новогодишната неколкудневна програма во организација на Општина Охрид продолжува и во сабота на Градскиот плоштад е stand- up комедијата во изведба на Никола Тодороски.

Предновогодишната програма на Општина Охрид се заокружува во понеделник со настапот на неколку културно уметнички друштва од градот.