Почнува зимското сметање, стрелките одат еден час назад

Од ноќеска во три часот по полноќ ќе почне зимското сметање на времето. Стрелките на часовникот ќе се поместат за еден час назад што значи дека времето во три часот, ќе се смета како два часот. Зимското сметање на времето почнува последниот викенд од октомври и трае до последниот викенд во март кога започнува летното сметање на времето. Преминот од летно кон зимско време прв пат е забележано во 1916 година во земјите во северна Европа, а досега е воведено во околу 70 држави, претежно на северната хемисфера. Отпрвин договорот…

повеќе...

Снежно мартовско утро

Утрово Охрид се разбуди со слаба снежна покривка. Студениот бран во текот на ноќта донесе снег, кој полека се топи поради порастот на дневната температура. Во 08:00 часот во Охрид беа измерени 3 ºС. WebOhrid

повеќе...

Најавен стартот на Мавровскиот меморијал

Агенцијата за млади и спорт организираше прес конференција по повод претстојниот, 54 ти по ред Мавровски меморијал. „Ми претставува особена чест и задоволство што оваа година на патеките на преубавото Маврово ќе се одржи традиционалниот 54-ти Мавровски меморијал, остварувајќи ги желбите и соништата на генерациите од далечната 1957 година, кои го организираа првиот меморијал – натпревар во нордиско скијање. Натпреварот се одржува во чест на загинатите 38 градители на електросистемот Мавровска хидроцентрала и 14 храбри граничари кои загинаа од снежната лавина во 1956 година. Токму со оддржувањето на Мавровскиот Меморијал…

повеќе...

Езерото празно, чека зголемување на водотеците

Охридското Езеро од ден на ден е се повеќе и повеќе празно. Искористувањето на водата за потребите на хидроелектраните по течението на реката Црн Дрим го намали водостојот повеќе од вообичаено. Топењето на снегот од околните планини, евентуални нови врнежи од снег или дожд ќе бидат можност за да се зголемат водотеците и да се покачи нивото на вода во Езерото. Во секој случај, оваа година сигурно нема да се повтори сликата од годините кога Езерото беше преполно. А, дали се претера со празнењето, останува времето да покаже! WebOhrid

повеќе...

Од денес календарски започнува зимата

Зимата во Македонија и на северната хемисфера на Земјата ќе почне денес во 11 часот 44 минути, а во истовреме на јужната Земјина полутопка ќе почне летото. На почетокот на зимата денот е најкраток, а ноќта најдолга. Денот ќе трае 9 часа и 7 минути. Метеоролозите за првиот зимски ден најавуваат сончево и студено време со слаб ветер. Минималната температура ќе се движи од -11 до -5 , а максималната од 3 до 9 степени. Зимата ќе заврши на 20 март 2017 година.

повеќе...

Почнува зимското сметање на времето

Ноќеска, почнува зимското сметање на времето со поместување на стрелките на часовниците за еден час наназад. Така, три часот по полноќ ќе се смета како два часот. Зимското сметање на времето почнува последниот викенд во октомври и трае до последниот викенд на март.

повеќе...

Денес завршува обврската за поседување зимска опрема во возилата

Денес завршува законската обврска за возачите за задолжително поседување зимска опрема во возилата. Обврската за задолжително поседување на зимската опрема во возилата стапи на сила на 15ти ноември.

повеќе...

Светиот крст во рацете на Петар Рупески од Варош

Дваесет и шестгодишниот Петар Рупески од охридски Варош беше најсреќниот меѓу стотината верници кои денес скокаа по Светиот крст во водите на Охридското Езеро. Крстот  го фрли митрополитот на Дебарско-кичевската епархија г.г Тимотеј. Ова е третпат како Петар Рупески го фаќа Чесниот крст. Последен пат тој го фати крстот во 2014 година, кога посака среќа во животот и вработување. „Чувството е секогаш посебно. Пресреќен сум што оваа година го фатив Светиот Крст. Исклучок е тоа што оваа година е премногу ладно. Нема некои посебни подготовки. Има само некое чувство што те води на тој…

повеќе...

Падна првиот снег во Охрид

Падна првиот снег во Охрид за оваа зима. Снегот штотуку ги покри улиците, тротоарите и парковите. Снежната прекривка во Охрид моментално е мала, но снегот и понатаму продложува да паѓа. На планините во западните делови се очекува повеќе од 50 см нов снег, а на повеќето пониски места снежната покривка ќе изнесува од 10 до 20 см. WebOhrid

повеќе...

Црвен крст Охрид со низа активности за Водици и Денот на рибарите

Во рамки на одбележување на големиот верски празник Богојавление-Водици и Денот на рибарите, Црвен крст Охрид е вклучен со низа активности од областа на здравствено-превентивната и социјално-хуманитарната дејност. И оваа година во пресрет на празникот, на 18.01.2016 (понеделник), Градоначалникот на општина Охрид – Локалната самоуправа обезбеди и во соработка со Црвен крст Охрид ќе подели 50 хуманитарни пакети со прехрамбени производи и средства за хигиена на 50 социјално загрозени семејства од Охрид. На 18.01.2016 г. (понеделник) од 19-23 ч., на пунктот на Црвен крст Охрид поставен на платото помеѓу Капетанија…

повеќе...