Претставници на Локалната самоупава предводена од претседателката на советот, Гордана Коњаноска и секретарот, Димитар Спасески заедно со директорите на јавните претпријатија, во соработка со Црвениот крст ги израдуваа децата со посебни потреби од дневниот центар „Зраци“ со новогодишни пакетчиња. Исто така, тие остварија средба со родителите на деца заболени од церебрална парализа. На средбата беше присутен и Дедо Мраз кој на децата им додели новогодишни пакетчиња.
Оваа активност се спроведува во рамки на новогодишните активности, а во знакот на грижата спрема оваа категорија на граѓани која Општина Охрид континуирано им ја дава.