Советот на Општина Дебарца го донесе буџетот за 2014 кој тежи 83 милиони денари

Денес Советот на Општина Дебарца ја одржа 11-тата седница на која беше изгласан буџетот за 2014 година. Буџетот се усвои со 10 гласа ЗА и 1 против. Покрај тоа на седницата се расправаше и за останатите 36 точки кои беа ставени на дневен ред меѓу кои беа и годишните програми за 2014 година.

– Предлог –  Годишна програма за активностите  на Општина Дебарца  во социјалната заштита во 2014 год.

– Предлог- Годишна програма за комунален развој и уредување на Општина Дебарца за 2014 год.

– Предлог- Годишна програма за користење и одржување на јавното осветлување во населените места во Општина Дебарца за 2014 год.

– Предлог- Годишна  програма  за развој на културата во Општината Дебарца за 2014 год.

– Предлог- Годишна програма за изградба, реконструкција, одржување и заштита на општинските патишта и улици во Општината Дебарца  за 2014 год.

– Предлог- Годишна програма за развој на образованието во Општина Дебарца за 2014 год.

– Предлог- Годишна програма за развој на спортот во Општина Дебарца за 2014 год.

– Предлог- Буџет на Општина Дебарца за 2014 год.

– Предлог- Одлука за извршување на Буџетот на Општина Дебарца за 2014 год.