ВМРО – Народна партија во врска со одлуките за општински линиски превоз испрати соопштение до медиумите во кое стои:
„Изминатите денови од страна на Локалната самоуправа слушаме како бил воведен општински линиски превоз на патници.
Колку за потсетување, на иницијатива на советниците на ВМРО – Народна партија пред една година беше донесена одлука за организирање на градски линиски превоз и беа воведени две линии. Тие две линии функционираа два месеци, но откако дојдоа новите структури на власт во Охрид, од досега непознати причини ги укинаа тие линии, за денес да видиме како сакаат повторно да воведат такви.
Китењето со туѓи перја е лоша одлика. Некои работи кои се толку јасни и кои се толку видливи не можат да се сокријат. Тоа се работи за кои најголем сведок се граѓаните. Нив не можеме да ги избришеме од историјата.“ – стои во соопштението од ВМРО – Народна партија.