Секторот за внатрешни работи Охрид, по иницијатива на портпаролот Стефан Димоски, активно ќе се вклучи во хуманата акција за помош на шестгодишниот Иван Лековски од Струга.
Сакајќи, малиот Иван да ја победи болеста и да има среќно детство, од почетокот на идната работна недела, вработените во СВР Охрид, својата хуманост ќе ја искажат со доброволно донирање на парични средства кои ќе бидат уплатени на жиро сметка, но и со телефонско јавување од своите приватни мобилни телефони на посебните телефонски линии наменети за таа цел.
Во пресрет на новогодишните и Божиќните празници, сакаме да го дадеме својот придонес кон побрзо собирање на потребните парични средства за Иван Лековски. На Иван му посакуваме добро здравје, да се врати меѓу своите соученици на училиште, да има среќно детство и заедно со неговото семејство да им се радува на убавините на животот.