Општина Дебарца добива нов и современ културен дом. Во село Мешеишта во завршна фаза е реконструкцијата на културниот дом, а во неговата изградба е опфатено поставување на прозори и врати, замена на стар паркет со нов, поставување на завеси, изградба на настрешница (покриeн влез), поставување на подни плочки, поставување на нови седишта со капацитет до 300 места со инвестиција од вкупно 1.115.000,00 денари.
Со оваа реконструкција општина Дебарца ќе добие еден современ културен дом кој ќе се користи за голем број манифестации. Воедно завршува уште едно од дадените ветувања на градоначалникот Игор Трајкоски во предизборната кампања.