Општина Охрид повторно ја одржа акцијата – „Најубаво украсен новогодишен двор или тераса“. На годинашниот натпревар се пријавија 9 наши сограѓани, кои празнично ги украсиле своите дворови. Комисија на Општина Охрид, по претходна обиколка на сите пријавени и фотодокументирање, на 2 јануари донесе едногласна одлука за избор на најдобрите.
Првото место го освои г-ѓа Иванка Гигер од населбата „Радојца Новичич“.
Второто место му припадна на Ристо Димоски од селото Горно Лакочереј.
Третата позиција е за Фанија Станкоска, на улица „Сирма Војвода“ 94 од Охрид.
Наградите на најуспешните ќе им бидат врачени на 8 јануари во 12 часот во просториите на Општина Охрид.