Ставена во употреба новата канализациона линија Долно Лакочереј

Ј.П. „Нискоградба“ Охрид ги информира граѓаните на Општина Охрид дека е ставена во употреба новата канализациона линија Долно Лакочереј (од влез на селото до мостот) со вкупна должина од 1300 метри главен цевковод и премини со должина од 220 метри. Цевкоководот е изграден од профили со дијаметар Ф 200 мм и поставени се 60 канализациони шахти.

Проектот за изградба на канализационата линија Долно Лакочереј започна во месец октомври 2013, а истиот е ставен во употреба во месец декември 2013 година.

„Ги информираме граѓаните кои гравитираат на тоа подрачје дека Јавното претпријатие започна да врши приклучок на канализационата мрежа. Сите заинтересирани граѓани да дојдат во канцелариите на Јавното претпријатие кое се наоѓа на Бул. Железничка Б.Б. да се информираат за постапката и начинот на кој можат да се приклучат во мрежата.“ – информираат од Ј.П. „Нискоградба“ – Охрид.