„Волкот и седумте јариња“ повторно ќе се прикажува во Центарот за култура

Детската балетска претстава „Волкот и седумте јариња“ поради зголемениот интерес на публиката, повторно ќе се игра во Центарот за култура „Григор Прличев“, во текот на месеците февруари и март.

Кореограф на балетската претстава е Јулија Милески. Сценографијата е на Љупчо Сидороски, костимографијата на Мирослав Рувиноски, а музиката на Јовица Каралиевски.

Проектот е поддржан од Министерството за култура на Република Македонија.