Љупчо Настоски и оваа година на Божиќ, во домот на малечката Симона

По четврти пат, Љупчо Настоски со подароци и парична помош, на Божиќ ја посети петгодишната Симона.

„Симона ја чувствувам како дел од моето семејство и искрено се радувам на подобрувањето на состојбата со нејзиниот вид. Посакувам и искрено се надевам, во најбрзо време Симона да може да ме види и за следниот празник да може да биде таа гостин во мојот дом. Покрај молитвите за здравје, среќа и благосостојба на моето семејство и моите пријатели, на овој Божиќ од срце се молам и за здравјето на малата Симона. Се надевам со Божја помош, моите молитви и желби за добро здравје на Симона ќе станат реалност. – истакна Настоски. 

Nastoski_Bozik_Simona_1 Nastoski_Bozik_Simona_2 Nastoski_Bozik_Simona_3