По повод денот на Христовото раѓање – Божиќ, царот на македонската народна песна – Спасен Силјаноски – Паце, во организација на Црковниот одбор од црквата „Успение на Пресвета Богородица“, утрово приреди незаборавна божиќна забава во село Велестово, која што велестовци долго ќе ја паметат.
Имено, голем број верници се помолија за здравје, среќа и радост во семејствата палејќи свеќи во црквата „Успение на Пресвета Богородица“, а потоа уживаа пеејќи ги заедно хитовите на Спасен Силјаноски, веселејќи се со топла ракија и мезе.
Како што истакнаа за WebOhrid организаторите и Спасен Силјаноски, тие се презадоволни од реализираната божиќна забава.
WebOhrid