„Витезот Расти“ наредната недела ќе се прикажува во Центарот за култура

На големо задоволство на сите нас Центарот за култура календарски ја започнува новата сезона со германскиот анимиран цртан филм синхронизиран на македонски јазик “ВИТЕЗОТ РАСТИ”. Филмот ќе се прикажува на  16-ти и 17-ти јануари со почеток во 13:00 часот,а влезот чини 50 денари.

„Витезот Расти“ се наоѓа во авантурата на својот живот: само што се исполни неговиот сон да освои голем турнир, лажно е обвинет за кражба. Лишен од голема чест и дворец, тој пробува да се извади и да го врати срцето на својата девојка. Може ли да го победи злобниот принц и да го зачува своето царство?

„Витезот Расти“ е интересна комбинација од средниот век, приказна за рециклирање и необични личности. Во состав на многу хумор, цртанот се занимава со теми како пријателство и храброст.