Културно Уметничкото Друштво „Дримкол“ од Вевчани секоја година на 11 јануари одржува Новогодишен концерт во Домот на култура во Вевчани.
И оваа година, утре во 18:00 и 20:00 часот КУД „Дримкол“ ќе одржи два концерти поради големиот интерес за овој културен настан кој веќе прерасна во традиција.
„Особена чест и задоволство е кога на својата најдрага публика-Вевчанската, можеш да и пружиш 90 минутно уживање кое во себе го содржи она автентичното, вредното, содржи еднергија, дух кој сплотува, обединува. Во исто време концертот за нас значи и голема одговорснот, бидејќи не е лесно да презентираш програма пред Вевчанци, публика која има стандарди и јасно изграден вкус кога е во прашање културата и уметноста“, – велат организаторите.
Празнични обреди, песни и игри од Вевчани е темата на овогодинешниот Новогодишен концерт, тема која што го опфаќа целиот годишен циклус празници кои се слават во Вевчани, а во себе го содржат фолклорот, се започнува со празникот Богојавление Христово – Водици како прв празник во Новата година, нашата Православната и се завршува со Св. Васиља со која пак се дочекува Новата година – Православната.
„Во овој проект учествуваат над 100 уметници, членови на сите ансамбли на друштвото, пеачката група, народниот оркестар, патувачкиот театар при што со енергијата на сите тие ентузијасти вљубеници и почитувачи на Вевшанската традиција ќе се обидеме да допреме до Вевчанското, традиционалното, изворното и за момен подзаборавеното културно наследство“, – потенцираат од КУД „Дримкол“ – Вевчани.