КУД „Дримкол“ утре ќе одржи два Новогодишни концерти во Домот на култура во Вевчани

Културно  Уметничкото  Друштво  „Дримкол“ од  Вевчани  секоја година на 11 јануари одржува Новогодишен концерт во Домот на култура во Вевчани. 

И оваа година, утре во 18:00 и 20:00 часот КУД „Дримкол“ ќе одржи два концерти поради големиот интерес за овој културен настан кој веќе прерасна во традиција. 

„Особена чест и задоволство е  кога на својата најдрага публика-Вевчанската,  можеш да и пружиш  90 минутно уживање кое во себе го содржи она автентичното, вредното, содржи еднергија, дух кој сплотува, обединува. Во исто време концертот за нас значи и голема одговорснот, бидејќи не е лесно да презентираш програма пред Вевчанци, публика која има стандарди и јасно изграден вкус кога е во прашање културата и уметноста“, – велат организаторите.

Празнични обреди, песни и игри од Вевчани е темата на овогодинешниот Новогодишен  концерт, тема која што го опфаќа целиот годишен  циклус празници  кои се слават во Вевчани, а во себе го содржат фолклорот, се започнува со празникот Богојавление Христово – Водици како прв празник во Новата година, нашата Православната  и се завршува со Св. Васиља со која пак се дочекува Новата година – Православната.

„Во овој проект учествуваат над 100 уметници, членови  на сите ансамбли на друштвото, пеачката група, народниот оркестар, патувачкиот театар при што со енергијата на сите тие ентузијасти вљубеници и почитувачи на Вевшанската традиција ќе се обидеме да допреме до Вевчанското, традиционалното, изворното и за момен подзаборавеното културно наследство“, – потенцираат од КУД „Дримкол“ – Вевчани.